Змија се пикнала во количка додека бебето спиело (ФОТО)

Жител на Нови Сад во понеделникот бил шокиран од глетката на познатото капалиште Штранд.

Таму се појавијала змија кои прилично ги вознемирија жителите на Нови Сад.

Тој изјави дека една змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.

– Змијата се пикна додека бебето спиеше во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето – раскажа овој Новосаѓанец.

Тој рече дека потоа веднаш ги повикал надлежните служби.

Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници, додека еден жител на Ниш е згрижен во тамошниот Клинички центар исто така каснат од змија.

Translate »