Ружин: Ние не сме творба на Тито
„Бугарскиот однос навлезе во таква фаза каде што што повеќе поминува време самата навлегува во една фаза каде што теко може да се повлекува назад без политички консеквенци“, вели професорот Нано Ружин за отвореното студио на ТВ 24.
Тој вели дека пролистал некои работи и дошол до заклучок дека во 1945 година и во периодот по балканските војни, никој од македонските преродбеници и дејци, тие што Бугарија ги смета за нивни, не го поставиле прашањето на идентитетот.
„Повеќе го претставуваат прашањето за обединување на трите Македонии. И Ченто се согласил дека новата држава Македонија треба да се приклучи кон тогашна Југославија, со право на отцепување“, изјави Ружин, дополнувајќи дека ние не сме творба на Тито.