Британците предупредуваат-На повидок е нова војна!

Британскиот институт за одбрана и безбедност ” Руси” предупреди дека  постои сериозна веројатност  за војна меѓу САД и Северна Кореја.
“Во оваа војна  би загинале илјадници луѓе. Не е исклучена инвазија врз Северна Кореја, а војната би била долга и мачна”, се вели во британската анализа.
 Директорот на институтот Малколм Калемрс во анализата посочува дека нападот  би можел да биде инициран од било која од двете држави, но e многу веројатно дека “Доналд Трамп би можел да одлучи проблемот да го реши порано, а не подоцна. ” Ракетната и нуклеарна програма на Северна Кореја се развива забрзано. Се помалку има време за дипломатија “, се вели во анализата.
Translate »