КОМПАНИЈАТА ПАНТЕЛЕОН ГС РАСТЕ БРЗО, НО И ВРАЌА КОН ЗАЕДНИЦАТА
Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помагајќи да го врати стариот сјај. Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески и бројни други проекти, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата Пантелеон ГС.
Податокот дека во земјава имаме квалитетен и високо професионален кадар не е нов, но дека тие луѓе можат и од Македонија да работат за големи светски компании, добро да заработуваат и да бидат задоволни од својата работа и да ги уживаат сите придобивки од тоа, ни потврдува примерот со македонската компанија Пантелеон ГС.
Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Во нивното портфолио на клиенти доминираат претежно финансиски компании за факторинг, лизинг, осигурување и финансирање, брокерска компанија, мрежа за продажба на возила, компанија за регрутација, маркетинг и многу други.
Компанијата има огромен потенцијал за развој, за дополнителни вработувања и несомнено силно се наметнува како деловен систем кој значајно ќе придонесува кон развој на домашната економија, и уште поважно кон задржување на квалитетните кадри дома, во нашата татковина.
„Нудиме работа дома, но под американски услови и стандарди. Работa ексклузивно за клиенти на американскиот пазар, каде сите оперативни активности се целосно прилагодени на клиентите, што подразбира и попладневно работно време, односно од 15 часот до 23 часот. Ова може да делува невообичаено на прв поглед, но сите наши вработени, без исклучок, извонредно успешно се адаптираа на специфичното работно време. И затоа ние како компанија непрекинато се трудиме да им обезбедиме што е можно подобри услови за работа, конкурентни компензациски пакети и разни други придобивки.“, вели Влатко Палчевски, административен директор на компанијата.
„Нашите луѓе се нашиот бренд“
Пантелеон ГС се придржува до мотото „Нашите луѓе се нашиот бренд“, кое ја потенцира заложбата на компанијата да биде место каде што вработените ќе бидат задоволни, успешни, ќе имаат можности за напредок и ќе уживаат во работата.
Да биде компанија во која секој млад и амбициозен поединец има перспектива, која го препознaва вложениот труд и потенцијал, обезбедува натпросечна плата, а истовремено и можност во континуитет да се учи и усовршува што е сон на секој млад и амбициозен човек.
„За повеќе од стотина млади луѓе во земјава ова е веќе реалност. Овде талентирани индивидуи развиваат софтверски решенија, управуваат со ризици, даваат осигурителни, финансиски, менаџмент услуги за компании на американскиот пазар. Компанијата нуди разновидни аутсорсинг услуги за реномирани американски компании од различни дејности. Станува збор за високо профилирани и професионални кадри, кои работат на софистицирани проекти со високо додадена вредност. “, истакнува Палчевски.
Пантелеон Г има стратегија да прерасне во аутсорсинг лидер на Балканот, но и регионален и глобален “talent hub” за млади, амбициозни и способни луѓе. Како дел од оваа стратегија, компанијата ја отвори и својата канцеларија во Белград, Србија, која засега успешно работи и полека го зголемува тимот.
Како домашна компанија, Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив македонски спортски бренд, помаѓајки да го врати стариот сјај. Во минатото поддржувач на „Проект Среќа“ преку и донатор на храна преку системот на AmCham во Македонија. Пантелеон ГС го поддржа и концертот на нашиот маестро на пијано, Симон Трпчески и бројни други проекти.
Пантелеон ГС и Меѓународното училиште НОВА се погрижија за образованието на неверојатно надарениот Македон
Како извонреден приказ за посветеноста кон образовните процеси и развојот на таленти, компанијата Пантелеон ГС заедно со Меѓународното училиште НОВА, презедоа благородна кауза за поддршка на образованието на Македон Димитровски, неверојатно надарен 9-годишен ученик од Тетово. Посебноста на Македон и неговите интелектуални и академски потенцијали ја наметнаа потребата за обезбедување на соодветно образование кое ќе му овозможи остварување на неговиот целосен потенцијал. Македон го започна основното образование како ученик во ОУ „Лирија“ во Тетово. Тоа е период во којшто е нотирана неговата посебност, која далеку ги надминува неговите години. На 4 години почнува да се интересира за математика, а неговите исклучителни способности го привлекоа и вниманието на претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна имаше привилегија да го запознае младиот генијалец. Медиумите исто така пројавија интерес да го запознаат ученикот и публиката доби можност да дознае повеќе за достигнувањата, интересите и идните аспирации на Македон.