Заев ја доби наградата “Европска личност на годината”

Премиерот Зоран Заев  во Сараево ја прими највисоката награда Европска личност на годината.

Златната плакета на премиерот му ја врачи претседавачот со претседателството на БИХ, Денис Звиздиќ.

Тој е прогласен за Европска личност на годината од Агенцијата за избор на нај менаџер во БИХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

Премиерот Заев ја доби златната плакета за  „за исклучителни заслуги за стабилизација и подобрување на односите меѓу европските држави, посебно меѓу соседите, како и за економска, културна и секоја друга соработка меѓу државите и народите во регионот, за надминување на сите стереотипи и барање најдобри можни решенија во постоечките услови на соработка и пријателства“.

По добиената награда, премиерот Заев имаше обраќање пред околу 500-тините присутни личности од бизнис заедници од регионот и Европа, како и пред актуелни и поранешни врвни политичари од регионот и Европа.

Во обраќањето премиерот Заев се заблагодари за честа што му ја укажуваат организаторите и граѓаните на БИХ со тоа што трета година по ред, втора година како премиер на Република Македонија му ја доделуваат највисоката награда, Златна плакета за европска личност на годината.

Премиерот Заев потврди и во обраќањето на Церемонијата дека плакетата европска личност на годината, оваа година ја посветува на сите негов колеги од регионот, премиерите од Босна и Хецеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, како и на колегите од Бугарија и од Грција и на граѓаните на државите.

 

Translate »