Нервоза во Москва: Американците за прв пат во Европа го носат ракетниот систем THAAD – и тоа во нашето соседство!

Соединетите Американски Држави ќе го постават својот прв напреден ракетен систем THAAD во Романија, а ова е дефинитивно вест која што нема да им се допадне на Русите.

Американската европска воена команда “EUCOM” потврди дека САД ова лето ќе го распореди THAAD ракетниот систем во Романија, каде што ќе послужи како „однапред планирано и привремено“ засилување на веќе постоечкиот “Aegis Ashore” ракетен систем.

Во соопштението на “EUCOM” исто така е наведено дека ракетниот систем THAAD ќе ѝ овозможи на НАТО Алијансата „регуларно унапредување“ на актуелниот систем во Романија.

Секако, без разлика на тоа која е причината, оваа вест дефинитивно ќе предизвика вознемиреност во Москва. Имено, американскиот ракетен систем THAAD никогаш досега не бил поставен толку блиску до западните граници на Русија.

Да потсетиме, официјална Москва се противи на американската изградба на ракетниот штит на просторот на источна Европа, нагласувајќи дека таквиот проект на САД и НАТО Алијансата исто така би можел да има и офанзивни способности, не само дефанзивни, па така во тој случај на мета ќе се најде Русија.

THAAD инаку е напреден ракетен систем на американската компанија „Локид Мартин“ кој што може да собори ракети од среден, краток и долг домет. Досега ваквиот ракетен систем беше распоредуван во Обединетите Арапски Емирати, Израел, Гуам и Јужна Кореја. Поставувањето во Романија ќе биде првото пристигнување на овој систем на територијата на Европа.

Translate »