Јапонската драма “Крадци” освои Златна палма
Јапонската драма „Крадци“ (Shoplifters) на режисерот Хироказу Коре-Еда освои Златна палма на 71. Кански фестивал.
На филмот „Blackkklansman“ (Black Klansman) на американскиот режисер Спајк Ли му беше врачена Гранд При наградата, додека наградата од жирито ја освои филмот „Capharnaüm“ на либанката Надин Лабаки.
Претседателка на овогодишното жири беше австралиската актерка Кејт Бланшет.
Признанието за режија отиде кај полскиот режисер Павел Павлинковски за остварувањето „Cold war“, а најдобар актер и актерка се Марсело Фонте и Самал Јеслимова за „Dogman“, односно „Ayka“.
„Girl“ на Лукас Дхонт доби признание во категоријата „Квир“.
Претседателка на овогодишното жири беше австралиската актерка Кејт Бланшет.