Јордан Митев на удар на Грците: Јужниот сосед прави од нас да се чувствуваме како овци

Ако пред две години му дојде како големо изненадување забраната за влез во соседна Грција, поради тоа што таму пеел македонски песни, деновие на фолк пејачот Јордан Митев грчките власти повторно му приредиле една немила ситуација.

Имено, уште лани во август тој испратил свое ЦД со македонски песни кај негови фанови во Грција, а истото пред неколку дена му било вратено назад, со назнака дека Македонија во Грција е препознатлива како ФИРОМ, посочена кон поштенската марка на која пишува Македонија.

Пејачот револтиран поради постапката, реагираше на социјалните мрежи.

-Иако си ветив дека ќе ги премолчувам ваквите теми,сепак мојата македонска совест не ме остава да бидам рамнодушен. Нашите јужни соседи дефинитивно од нас прават да се чувствуваме како овци, а ние упорно и упорно едвај чекаме да дојдете викенд и лето, и да заминеме за Грција. Ако толку и смета и едно обично писмо кое што доаѓа од оваа земја, тогаш зошто на границата не ги враќаат и туристите кои што доаѓаат од оваа земја? Или тие и се слатки и добредојдени бидејќи носат со себе пари кои треба да ги потрошат кај нив?! Дали ние како држава и народ имаме барем малку достоинство, ве молам почитувани политичари кажете ни?! Ако не, ако не не бива, ако не сакаме да не биде, ако не можеме да не биде, кажете ни и тие што останавме тука да си ги собереме парталите, бидејќи нема по понижен народ на Балканот и во Европа од нас! Срдечен македонски поздрав! – порачува Митев.

И неговиот менаџер Аце Петровски исто така реагираше на социјалните мрежи, објавувајќи го писмото со цд–то кое што му било вратено на Јордан. На својот Фејсбук профил тој прашува дали има смисла ова што се прави и до каде одат понижувањата на Македонците.Фокус

Зошто ја одбрав Македонија, а не Австралија-Интервју со Јордан Митев

 

 

 

Translate »