Инцидент пред судот во Хаг
Инцеднтот се случил пред почетокот на изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, за поранешниот командат на силите на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој се товари за геноцид и други воени злосторства, пред Судот се случи инцидент меѓу маж кој држел српско знаме и членови на граѓанско здружение од Босна и Херцеговина.
Телевизија Н1 јави дека претседателката на здружението „Жени жртви на војната“, се обидела да му го одземе знамето на непознатиот маж, по што дошло до туркање.
Локалната полиција интервенирала и ја смирила ситуацијата, без да прерасне во поголем инцидент.