Родилка почина при породување во привaтна болница

31 годишната Дебора Џамбази починала во четвртокот при породување со царски рез. Породувањето било изведено во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анестезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта , пренесува НОВА.

На младата жена, познат стоматолог од Кичево,  ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет.

Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта. Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, родилката со возило била однесена на КАРИЛ.

Раководстсвото на болницата за НОВА тврди дека жената не починала во Санте Плус, туку во КАРИЛ.

Но, тимот кој што ја примил родилката во едницата за интензивно лекување и реанимација(КАРИЛ) е дециден е дека жената била донесена мртва. Тие велат дека не знаат што се случувало во приватната болница, ниту по пат од болницата до КАРИЛ од каде има половина час патување заради сообраќајот.

„ Родилкат беше донесена мртва, со мртовечки петихии, со проширени зеници, без срцева акција, немаше пулс,  ниту свест. Ние пристапивме во реанимација повеќе од очај. Немавме информација што с е случувало во болницата претходно, но по еден час и 10 минути се откажавме бидејќи пациентката не покажа никакви знаци на живот, во ниту еден момент“, изјави за НОВА една од трите лекарки специјалисти, искусни анестезилози кои биле присутни во моментот на приемот и кои ја реанимирале младата жена заедно со останатиот тим на КАРИЛ.

Во попладневните часови телото било однесено на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукација, од каде се чакаат резулатите. Бебето итно било пренесено  на Клиниката за детски болести и се наоѓа во тешка состојба.

„Бебето е машко, и е во во многу тешка состојба, без дишење и срцева акција бидејќи останало без кислород во организмот. Приклучено е на апарати за дишење, во моментот е стабилно, но не знаеме како ќе биде понатаму, за 24 часа ќе се види дали ќе има последици и откажување на други органи“, изјави за НОВА, др. Кети Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.

Дебора Џамбази

 

Translate »