Од оваа работа не се станува милионер, само се полни душа
Елеонора Дуљанова е уметник од Скопје која е една од ретките во Македонија што се занимава со изработка на марами од свила , а покрај оваа вештина таа изработува и накит.Некогаш изработувала и керамички производи. До сега учествувала на многу саеми за рачно изработени производи . По струка е Историчар на уметност .Повод за разговорот е учеството на 8-мо Мартовскиот базар на Бродот на среќата што ќе се оддржи на 5ти и 6 ти Март во Скопје.
Кога почна да се занимаваш со уметност, од мали нозе или подоцна откри дека постои таква нитка во тебе?
Уште како дете цртав со пастелни бои на картон,некогаш сликав и копии на познати уметнички слики. Уживав да сликам едноставно тоа ме реласираше и ден денеска е така.
Вие сте меѓу ретките што се занимваа со изработка на керамички садови….?
Кога бев во Лондон се запишав прво на курсеви па после и на колеџ за керамика и таму научив повеке техники за изработка на керамички производи. Тогаш изработив неколку уникатни парчиња, анекои од нив ги направив и овде во Скопје. Работата е во тоа што за финалниот производ потребна е специјална печка што пече на високи температури .
Сега главно сликаш марами и изработуваш накит, како го правиш тоа и каде црпиш идеи?
Па цртањето марами повеке, но и изработката на накит е сложен процес. Имено прво купувам материјали за марамите најчесто свила , а боите ги набавувам од Солун, нешто од Скопје и секаде каде што патувам во Европа. Марамата ја оптегнувам на рамка исто како кога се подготвува платно за сликање, прво правам скица, а потоа ги нанесувам боите. За накитот користам кожа, мурано стакленца или други реквизити кои ќе ми се видат интересни, некои ги набавувам од странство.
Има ли купувачи во Скопје на рачно изработени работи како твоите?
Па моите производи најмногу ги купуваат странци, но има и македонски купувачи кои знаат што значи душата да ја оставиш дури изработиш нешто, кои знаат да ја ценат рачната работа,секако ова е работа од кој не се станува милионер туку се полни душата.
Повеќе за работата на Елеонора Дуљанова на следниот линк
https://www.facebook.com/Small-piece-of-joy-429674157442164/?epa=SEARCH_BOX