Винчини на „Biscuit people conference“

Винчини е поддржувач на втората меѓународна конференција на платформата „Biscuit people“, која оваа година се одржува во Пула, Хрватска.

Се работи за конференција од областа на кондиторската индустрија, која има за цел да ги собере  и обедини водечките компании во индустријата, независните консултанти и другите бисквит експерти што ќе поттикне нови истражувања,  размена на нивните знаења, искуства, како и индустриски иновации.

На многу теми од областа на оваа индустрија на конференцијата која се одржува од 3ти до 6ти април, зборуваат проминентни имиња и лидери докажани во кондиторската индустрија. Тимот на Винчини меѓу кои и технолози, присуствува на конференцијата со цел да се инспирира и да го унапреди своето познавање на трендовите кои ја следат оваа индустрија.

„Настани од ваков вид мора да се следат и поддржуваат, ако сакате да останете на врвот на она што се случува во бисквитната индустрија, да научите нешто ново и да ја проширите вашата бизнис мрежа. Индустријата непрестано се менува според потребите на консументите, па затоа е неопходно да бидеме иновативни и секојдневно да истражуваме.“ изјави Глигор Цветано, извршниот директор на компанијата Макпрогрес.

Покрај бисквитите кои се кондиторски производ обожуван во целиот свет, дополнителен повод за посета на оваа конференција е и прекрасната Пула во Хрватска која секогаш плени со својата убавина.

Translate »