Tрите последни желби на Сулејман Величествениот

Расфрлајте го моето злато, нека видат сите дека богатството стекнато во овој живот останува во овој свет.

trite-posledni-zhelbi-na-sulejman-velichestveniot-se-dokaz-deka-parite-ne-se-vazhni-01.jpg

Сулејман Величествениот е 10-тиот султан на Отоманската империја кој се задржал на престолот најдолго од сите султани.

Неговите три последни желби во животот испраќаат моќна порака.

Што му порачал Сулејман на главниот заповедник на војската кога бил на смртна постела:

1. Сакам мојот ковчег да го носат најдобрите доктори од Отоманската империја.

2. Сакам додека го носат мојот ковчег целиот пат да го посипуваат со златници и други скапоцени камења.

3. Сакам моите раце да висат од ковчегот за да ги видат сите.

Заповедникот на војската бил вчудовиден од тоа што го слушнал. Го прашал Сулјеман која е причината за овие желби, а овој му одговорил:

1. Сакам мојот ковчег да го носат најдобрите доктори за сите да видат дека дури и најдобрите доктори се немоќни пред лицето на смртта.

2. Расфрлајте го моето злато, нека видат сите дека богатството стекнато во овој живот останува во овој свет.

3. Сите нека ги видат моите раце и нека дознаат едноставна вистина – дури и владетелот на светот, султанот Сулејман, си оди од овој живот со празни раце.

Translate »