Излезе спотот на навивачката химна „Одиме на ЕП“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“.

Химната е во изведба на ВИС Рисови.

Македонија, за нешто повеќе од еден месец ќе дебитира на големите натпреварувања. На ЕУРО 2020, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе се натпреваруваат во Ц-групата, против Австрија, Украина и Холандија.

Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра во Букурешт, против Австрија на 13.јуни.

Translate »