Бил Гејтс: Корона вирусот нè потсети дека сите сме еднакви

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, објави моќна порака за тоа што можеме да научиме од пандемијата на Ковид-19.

Според последните информации, болеста убила 17.138 луѓе, а заразени се 391.947 луѓе.

Но, 64-годишниот мултимилијардер Бил Гејтс, кој донира 85 милиони фунти во борбата против вирусот, верува дека и покрај хаосот, постои духовна цел зад сето ова што се случува.

Во отворено писмо со наслов „Што коронавирусот/Ковид-19 навистина нè учи?“, Бил Гејтс вели:

– Силно верувам дека постои духовна цел зад сè што се случува, без оглед дали тоа го гледаме како нешто лошо или добро. Со вас сакам да го споделам она што сметам дека Ковид-19 ни го прави на сите.

1. Нè потсетува дека сите сме еднакви, без оглед на нашата култура, религија, професија, финансиска состојба или колку сме славни. Оваа болест сите нè третира исто, па така треба и ние да се третираме едни со други.

Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.

gejts

Фото: Screenshot/YouTube

2. Нè потсетува дека сите сме поврзани и тоа е нешто што влијае врз една личност, а таа влијае врз друга.

Нè потсетува дека лажните граници што ги поставивме имаат мала вредност бидејќи на вирусот не му е потребен пасош.

Нè потсетува, угнетувајќи нè кратко време, на оние во овој свет чиј живот постојано е угнетуван.

3. Нè потсетува на тоа колку е скапоцено нашето здравје и како се обидовме да го занемариме преку јадење храна со слаби хранливи материи.

Ако не се грижиме за нашето здравје, секако дека ќе се разболиме.

4. Нè потсетува на краткиот живот и на она што е најважно за сите нас, а тоа е да си помагаме едни на други, особено на оние што се стари и болни.

Нашата цел не е да купуваме тоалетна хартија.

5. Нè потсетува на тоа колку материјалистичко стана нашето општество и како, во време на тешкотии, се сеќаваме дека најважни се работите што ни се неопходни (вода, храна, лек) наспроти луксузот на кој непотребно му даваме вредност.

6. Нè потсетува на тоа колку е важно нашето семејство, и животот дома и колку сме го запоставиле.

Нè принудува да се вратиме во нашите домови за да можеме повторно да го изградиме нашиот дом и да го зајакнеме нашето семејство.

7. Нè потсетува дека нашата вистинска работа не е нашата професија, туку она што го правиме, не она што сме создадени да го правиме.

Нашата вистинска работа е да се грижиме едни за други, да се заштитиме едни со други и да си бидеме од корист еден на друг.

8. Нè потсетува дека треба да се ослободиме од нашето его.

Нè потсетува дека без оглед на тоа колку големи мислиме дека сме и колку големи мислиме дека се другите, вирусот може да го запре нашиот свет.

9. Нè потсетува дека моќта на слободната волја е во наши раце.

Можеме да избереме да соработуваме, да си помагаме едни на други, да споделуваме, да даваме, да помогнеме и да се грижиме едни за други, или можеме да бидеме себични и да се грижиме само за себе.

10. Нè потсетува дека можеме да бидеме трпеливи или можеме да паничиме.

Можеме да сфатиме дека ваква ситуација се случила многу пати претходно во историјата и ќе помине или можеме да паничиме и на ова да гледаме како на крај на светот и да предизвикаме поголема штета отколку добро.

11. Нè потсетува дека ова може да биде или крај или нов почеток.

Може да биде време на размислување и разбирање, каде што учиме од нашите грешки, или може да биде почеток на циклус што ќе трае сè додека не ја научиме лекцијата што треба да ја научиме.

12. Нè потсетува дека оваа Земја е болна.

Нè потсетува дека треба да ја видиме стапката на уништување на шумите исто толку итно како брзината со која исчезнуваат тоалетните од полиците. Ние сме болни затоа што е болен нашиот дом.

13. Нè потсетува дека по секоја тешкотија секогаш доаѓа полесен период.

Животот е цикличен и ова е само фаза во овој голем циклус. Не треба да паничиме, и ова ќе помине.

14. Бидејќи многумина го сметаат вирусот Ковид-19 како голема катастрофа, јас претпочитам да го гледам како голем поправач.

Испратен е да нè потсети на важните лекции што се чини дека ги заборавивме и од нас зависи дали ќе ги научиме или не.
Извор: The Sun

Translate »