Ист Гејт Мол: Ги рушиме стереотипите дека на мажите не им е важен шопингот!
Поделеноста на машко-женски работи е веќе одамна надминат стереотип. Добриот шопинг, денес е подеднакво важен за двата пола! И мажите сакаат да изгледаат и да се чувствуваат убаво. Да бидат препознаени по нивниот автентичен стил, да дојде до израз нивниот карактер и индивидуалност.
Радоста кога ќе купиме убаво парче гардероба нè исполнува, а дополнително ако тоа се направи на т.н. Ден на татковците (Father’s Day) во Ист Гејт Мол, кога има и одлични попусти, бенефитот е двоен, рационален и емотивен.
Жените знаат да кажат: шопингот за мене е начин за ослободување од стресот, некој вид на „вентил“, но истовремено и големо задоволство, од кое не сакаме да се откажеме. А зошто ова да не важи и за мажите? Или, како беше онаа приказна мажите се од Марс, а жените од Венера? Наметнувањето и понатаму стереотипи, е чин од минатото време, тоа веќе не важи во урбаните градски средини каде секој од нас е во потрага во личната среќа! Токму со оваа цел, да руши стереотипи, и да постави нови стандарди во урбаното живеење, Ист Гејт Мол од 13 до 19 јуни организира Недела на татковците, нудејќи бројни поволности и бенефити, кои треба да се искористат.
Токму затоа, ако вашиот сопруг или татко е човек со страст за животот, љубопитен, некој кој ужива во убавите работи, некој кој го заслужува вашето внимание и љубов, фатете го под рака, и правец во вашиот Ист Гејт Мол!