Publicis Groupe станува лидер во индустријата за маркетинг и дигитални бизнис трансформации

 

  • Креирање на Publicis Spine со цел да се обезбеди заедничка трансформација на потрошувачите и претпријатијата

 

  • Организира алатки за дигитална бизнис трансформација во различни индустрии

 

  • Ги усогласува DigitasLBi со Publicis Mediaза беспрекорен пристап до дополнителни скалабилни податоци и медиа ресурси

 

 17 октомври 2017 – ПАРИЗ – Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

Првата е создавањето на Publicis Spine, алатка која ги спојува сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење  и поврзување на  маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација. Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.

 

1.      Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.

2.      PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “крај-до-крај” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.

3.      Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.

 

Publicis Groupe со оваа трансформација креира нова ера во маркетинг и дигиталниот бизнис, создавајќи уникатна и софистицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија.

“Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи” – изјави Arthur Sadoun. „Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд” – изјави Steve King. “Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите“.

——————————————————————————————————————————–

Publicis One Македонија е интегрален дел од мрежатаPublicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40]  глобален лидер во маркетинг, комуникации и дигитална трасформација. Во своите операции во Македонија обединува широка палета на маркетинг експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд конуслтинг, кретивни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумскии и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент  на настани. На пазарот во Македонијае присутна од 1996 година преку креативните агенции Publicis и Saatchi & Saatchi, и медиумските агенции Zenith и Starcom.

Translate »