Нови пратеници во собраниските фотелји по првиот круг локални избори
По првиот круг локални избори, петмина пратеници станаа градоначалници Петре Шилегов, Стефан Богоев, Максим Димитриевски, Сашко Поцков и Коста Јаневски.
На нивно место, во пратеничките клупи ќе седнат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов
По завршувањето на вториот круг локални избори со изборот на новите градоначалници ќе се знаат и другите нови пратници кои ќе седнат на испразнетите места.