Супериорни производи за врвни перформанси на Охрид Ultra-Trail 2024!
Виталиа петта година по ред е дел од ултрамаратонската трка Охрид Ултра-Треил, која се одржа 24-25 мај на падините на планината Галичица.
Оваа година, настанот Охрид Ултра-Треил беше составен од пет трки во планинско трчање, кои започнуваа од различни локации во националниот парк Галичица и завршуваа на градскиот плоштад во Охрид. На трките од 107, 65, 40, 22 и 10 километри учествуваа вкупно 470 натпреварувачи од 36 земји.
Виталиа обезбеди различни производи од својата широка палета, вклучувајќи протеински барови,енергетски барови, намази, крекери, суво овошје за станиците за одмор. Тие придонесуваат во надополнување на енергијата, перформансите и издржливоста на натпреварувачите, обезбедувајќи им неопходна поддршка за време на трката.
На експо-то кое се одржа во склоп на настанот, Виталиа ги претстави своите протеински барови со 35% протеини, три типа протеини, збогатени со магнезиум и без додаден шеќер. Овие барови се идеални за спортисти и активни лица, бидејќи обезбедуваат брза и ефективна храна за зголемување на силата и издржливоста.
„Особено се радуваме на партнерството со Охрид Ултра-Треил и можноста да им обезбедиме на натпреварувачите висококвалитетна храна која ќе им помогне да ги постигнат своите цели,“ изјавија од Виталиа. „Нашата мисија е да ги промовираме здравите навики и да им овозможиме на консументите да се хранат со квалитетни производи, кои ќе им помогнат да ги подобрат своите перформанси и целокупното здравје.“
Со интегрирање на Виталиа производите на овој настан, учесниците добиваат вкус за тоа колку оптималната исхрана е клучна во предизвикувачките спортови каде се бара издржливост. Без разлика дали се движат низ нерамните терени на Галичица Ултра долга трка 65,3 км или трчајќи по 40,4 км Самотска патека, спортистите можат да се потпрат на производите за одржување на енергијата и снабдување на телото со есенцијални хранливи материи.
Виталиа продолжува да поддржува вакви значајни настани и да промовира здрав начин на живот преку своите иновативни и здрави производи.