Маја Станковска Костова – Генерален Директор на Кроациа Осигурување Живот: Животното осигурување e инвестиција во иднината, но и во финансиската сигурност на целото семејство

Невозможно е да се предвиди иднината и сето она што таа може да го донесе. Секогаш се надеваме на најдоброто, но понекогаш животот нè става во непредвидливи ситуации кои можат да ја загрозат безбедноста, па дури и животот на вашите најблиски. Наместо тоа, може да се обидете да го заштитите она што ви е највредно со полиса за животно осигурување која претставува инвестиција во иднината, но и во финансиската сигурност на целото семејство.

Бројот на осигуреници и на активни договори постојано расте и се добива впечаток дека конечно просечниот Македонец ја сфаќа вредноста на заштита на својот живот и чувството на безбедност која полисата за осигурување им ја дава на неговите најблиски. И покрај позитивниот тренд, во споредба со останатите земји од регионот, сè уште заостануваме и животното осигурување е во рана фаза на развој. Темата е интересна и затоа како редакација се решивме да ја доближиме до јавноста и да направиме интервју со Маја Станковска Костова – генерален директор на „Кроациа осигурување – живот“.

Иако животното осигурување од поодамна постои на македонскиот пазар, но дури во последните неколку години забележуваме значителен пораст на интересот и вложувањето во овој тип осигурување. На што ја припишувате оваа промена на пазарот?

Станковска Костова: Неодамнешното зголемување на интересот и инвестициите во осигурување на живот на македонскиот пазар може да се препише на неколку клучни фактори:

–  Зголемена финансиска писменост. – Континуираните активности на учесниците на осигурителниот сектор за подобрување на финансиската писменост, влијаеја на зголемувањето на свесноста кај населението за важноста на животното осигурување како критична компонента на финансиското планирање.

–  Иновации во производите. – Осигурителните компании развија поприспособени и флексибилни осигурителни производи што ги прави попривлечни и достапни за пошироката публика. Овие нови производи имаат за цел да ги задоволат специфичните потреби и преференции на македонското население, а се во согласност со трендовите во развиените земји.

–  Кампањи за маркетинг и подигање на свеста. – Ефективните маркетинг кампањи од осигурителните компании ја подигнаа свеста за придобивките од животното осигурување. Овие напори помагаат да се демистифицира производот, да се препознаат потребите и бенефитите од поседување на полиса за осигурување на живот.

–  Зголемена доверба во финансиските институции и осигурителната индустрија зајакната со построги регулативи и подобра услуга за клиентите, значајно придонесува клиентите да донесат одлука и да инвестираат во полиса за животно осигурување.

–  Демографски промени. – Стареењето на населението и менувањето на семејните структури влијаат на препознавање на потребата за безбедност и финансиска заштита, поттикнувајќи повеќе луѓе да инвестираат во животно осигурување.

–  Градење на традиција. – Колку повеќе луѓе инвестираат во животно осигурување, толку поприфатен станува концептот во опшеството. Споделувањето на искуство од бенефитите на поседување полиса за осигурување живот и гледањето врсници како си ја обезбедуваат својата финансиска иднина, ги поттикнува другите да го следат примерот. Веќе осигурителните компании на нашиот пазар активно вршат редовна исплата на акумулирани средства по основ на договори за осигурување живот кои завршуваат, со што се потврдува мудрата одлука на клиентите.

Комбинирањето на овие фактори создава средина каде што животното осигурување се гледа како мудра, природна и достапна финансиска одлука.

Какво влијание имаат глобалните услови врз понудата на осигурителните компании? Дали пандемијата од пред неколку години некако влијаеше на условите и пакетите што се нудат на пазарот?

Станковска Костова: Глобалните услови на понудата по пандемијата Ковид-19 значително се променија и влијаеја на осигурителните компании, на нивните услови, пакети и севкупните пазарни стратегии. Пандемијата ја зголеми свесноста за ризик, прекините во синџирот на снабдување ја зголемија свеста за ризиците од континуитетот на деловното работење, ризиците со кои сме соочени во секојдневието и непредвидливите животни ситуации. Зголеменото ниво на ризици и растечките трошоци како резултат на зголемената инфлација, беа инпут за зголемување на премиите за осигурување.

Пандемијата ја зголеми свеста за здравствените ризици, што доведе до зголемена побарувачка за полиси за здравствено и животно осигурување.

Ограничувањата што ги наметна периодот на пандемијата, го забрзаа процесот на дигитализација и многу осигурителни компании ги забрзаа своите стратегии за дигитална трансформација за да понудат онлајн консултации, обработка на штети и виртуелна услуга за клиентите.

 Севкупно, комбинацијата на глобалните предизвици за снабдување и пандемијата, ги натера осигурителните компании да иновираат, да ги преоценуваат ризиците и да ги приспособат своите понуди за подобро да му служат на пазарот што брзо се менува и станува посвесен за ризикот.

poveke na

https://faktor.mk/intervju-stankovska-kostova-zivotnoto-osiguruvanje-obezbeduva-dopolnitelen-izvor-na-prihod-no-pred-se-finansiska-sigurnost

Translate »