Арктикот се топи, а белите мечки се спуштаат кон југ
Климатските промени и топењето на мразот на Арктикот влијае и на поларните мечки. Последните години тие можат да се најдат како скитаат до местата населени со луѓе, далеку од природниот хабитат.
Последниот пример на бело мече фатено илјада километри далеку од својот природен хабитат ги изненади експерите. Наместо на север, малечкото заедно со својата мајка се спуштиле илјада километри на југ, во опасната територија на кафеавите мечки.
Се претпоставува дека мајката по пат настрадала , а мечето гладно и уморно било фатено и однесено во рускиот град Јакуцк,откаде ќе биде префрлено во зоолошката градина во Москва. Првичниот план бил да го вратат во дивината, но експерите заклучиле дека не би можело само да преживее.
До 2005 тата година белите мечки никогаш не биле забележани под Арктикичкиот појас.