Заев -И други пратеници ќе го следат примерот на Чедомир Саздовски
Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на Чедомир Саздовски да ја напушти партијата ГРОМ и во Собранието и да делува како независен пратеник.
Заев истакна дека очекува во следниот период да има повеќе вакви одлуки на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи вели дека тие се соочуваат со големи притисоци од најголемата опозициска партија.
Саздовски во минатото беше член на СДСМ и советник од оваа партија во општина Кисела Вода.