Алармот е вклучен: Шпанија прогласи вондредна состојба

Шпанија прогласи вондредна откако според последните информации во земјата од коронавирус се заразени 4,374 лица.

Шпанското министерство за надворешни работи ги повика граѓаните да не патуваат во странство.

„Поради зголемениот број на откажувања на летови и поради ситуацијата поврзана со коронавирусот во Шпанија, ги советуваме патниците да ги променат своите планови за патување“, соопштија од шпанското министерство.

Шпанскиот премиер Педро Санчез прогласи вондредна состојба, па ќе се воведат нови мерки во борбата против ширењето на коронавирусот кои би можеле да вклучуваат и ограничување на движењето на населението.

„Утре ќе донесеме нови мерки за да се мобилизираат сите ресурси во заштита на населението од вирусот. Воени, финансиски и други ресурси ќе бидат координирани. Вондредната состојба ќе трае 15 дена“, изјави Санчез на вондредната конференција во Мадрид.

„Не е исклучено Шпанија во текот на идната седмица да има 10 илјади заразени. Не очекува тежок период. Ова е само првата фаза во борбата со која се соочува светот“, изјави Санчез.

Во Шпанија како последица на коронавирусот досега починаа 123 лица. Од денес во Мадрид ќе бидат затворени сите кафетерии, ресторани и дискотеки, откако претходно беа затворени училиштата, градинките, факултетите, музеите, театрите и стадионите.

Translate »