Совети за мали бизниси: Како да преживеете во ера на коронавирус

Во контекст на новонастанатата ситуација и проблемите со коишто се соочуваат малите бизниси, порталот Žene i novac подготви водич во доба на криза и како да останат стабилни малите бизниси. Целта е да се помогне екосистемот да остане стабилен и малите компании да преживеат. Ова се советите:

Вашите деловни соработници ќе бидат тука и откако ќе помине оваа состојба и важно е да бидете колку што е можно поискрени и транспарентни, затоа што станува збор за финансиска егзистенција на многу луѓе. Ако сите го сносиме товарот на новата ситуација, и работодавачите и вработените, ќе има место каде да се вратиме  по стабилизирање и нормализирање на нашиот бизнис.

  • Проекција на проток на пари во текот на следните 2 недели, 4 недели, 8 недели, 12 недели 
  • Проекција на трошоците за следниот период 
  • Транспарентна комуникација со работниците за идните планови 
  • Организирање на работа од дома – Обезбедете им на работниците основни средства за работа
  • Не ја намалувајте платата на работниците без анекс договор
  • Маркетиншките и  слични активности да се сведат на минимум
  • Транспарентно да се разговара со купувачите и добавувачите
  • Побарајте краткорочен мораториум за плаќање на клучните добавувачи 
  • Одобрете  мораториум за краткорочно плаќање на клиентите 
  • Имајте трпение и разбирање за сè што доаѓа

bi.mk

Translate »