Психоза во Британија, продавниците со празни полици
Фејсбук статус на Ненад Живановиќ
Кога почнале Германците да го бомбардираат Лондон, премиерот Винстон Черчил им порачал на Британците дека може да им вети само солзи пот и крв, во знак на солидарност и саможртвување кралицата изјавила дека додека е војната во чајот нема да става по две коцки шеќер, туку само по една . Слична пред воена психоза и сега владее на островот . Во продавниците нема шеќер, брашно ,јајца, вода, и за чудо тоалетна хартија . Премиерот Борис Џонсон во стил на Черчил од пред 80 години, пред два дена им порача на нацијата дека најтешкото допрва претстои, и дека многу семејства ќе останат без своите сакани пред време.Како во 1940 се очекува и кралицата Елизабета во знак на саможртва и солидарност со плебсот,да порача дека додека трае заканата од Корона вирусот, наместо двослојна ќе користи еднослојна толатна хартија.