Антикорупциска денес ќе отвори два случаи за премиерот Заев
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во вчерашното гостување на телевизија Телма најави дека денес ќе бидат отворени неколку нови случаи.
-На седница ќе отвараме нови случаи по пријави, како случајот Глобал, „Едно евро за Вицето“, знаете дека ние работиме неселективно. Исто така ќе отвориме и случаи по пријави на граѓани. Седниците се отворени и јавни и секогаш ја известуваме јавноста, рече Ивановска.