Израелските медиуми ги објавија првите детали од „договорот на векот“ на Трамп

Првите детали од долгоочекуваниот план на претседателот на САД, Доналд Трамп, т.н. „договор на векот“, ги објавиле некои израелски недиуми на хебрејски јазик.

Деталите кружеле помеѓу официјалните претставници во израелското Министерство за надворешни работи, но ниту една од заинтересираните страни не го потврдила тоа.

Деталите биле објавени во весникот „Израел Хајом“ (Израел денес), близок на израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху.

САД најавиле дека ќе го претстават планот после светиот муслимански месец Рамазан, кој завршува на почетокот на јуни.

Според пишувањата на израелскиот дневник, ќе биде потпишан трипартитен договор помеѓу Израел, Палестинска ослободителна организација (ПЛО) и Хамас.

Палестинската држава, наречена Нова Палестина, ќе биде основана во Појасот Газа и на Западниот Брег, со исклучок на територијата на која се еврејските населби.

Еден од авторите на договорот е високиот советник и зет на Трамп, Џаред Кушнер.

Договорот се подготвува две години, а Палестинците во меѓувреме ги прекинале контактите со Белата куќа, бидејќи Трамп Трамп го признал Ерусалим како главен град на Израел таму ја преместил американската амбасадата од Тел Авив во него.

Ерусалим нема да биде поделен помеѓу Израел и Нова Палестина, туку ќе биде главен град и на Израел и на Нова Палестина, а арапските жители на тој град ќе бидат граѓани на Нова Палестина.

Статус квото за светите места ќе остане на сила, а на Евреите нема да им биде дозволено да купуваат арапски куќи и обратно. На Ерусалим нема да му припаѓаат дополнителни области.

Египет, меѓу останатото на новата палестинска држава ќе ѝ понуди земја за изградба на аеродроми и фабрики.

Страните кои финансиски ќе го поддржат спроведувањето на тој договор се САД, ЕУ и земјите богати со нафта од Заливот.

Тие ќе обезбедат буџет од 30 милијарди долари за пет години за национални проекти во Палестина.

Тој буџет ќе ја вклучи и цената за поврзување на еврејските населби со Израел.

САД ќе платат 20 отсто од таквите проекти, ЕУ 10 проценти, а земјите од Заливот останатиот дел.

Нова Палестина нема да може да формира војска, но ќе има полиција која ќе биде само лесно вооружена.

Помеѓу Израел и Нова Палестина ќе биде потпишан договор за заштита, врз основа на кој таа ќе му плати на Израел да ја брани од странска агресија.

По потпишувањето на договорот, Хамас ќе го положи целото свое оружје, вклучувајќи го и личното, на египетските власти.

Членовите на Хамас, вклучувајќи ги и лидерите, ќе продолжат да добиваат плата од државите кои се обврзале да го поддржат формирањето на владата. Појасот Газа ќе биде отворен за сообраќај на стоки и работници во Израел и Египет.

Демократските избори ќе се одржат во рок од една година и ќе биде избрана новата палестинска влада.

Една година по изборите и формирањето на новата влада, постепено ќе се ослободуваат Палестинците од израелските затвори во текот на три години.

Границата меѓу Нова Палестина и Израел ќе биде отворена за сообраќај на луѓе и стоки, како што е случај со пријателски земји.

Автопатот, кој ги поврзува Западниот Брег и Појасот Газа, ќе биде подигант 30 метри над територијата на Израел, а 50 отсто од изградбата ќе ја плати Кина, додека остатокот, или 10 отсто, Јужна Кореја, Австралија, Канада, САД и ЕУ.

Долината на реката Јордан ќе остане под контрола на Израел. Нова Палестина ќе има премини во соседен Јордан под сопствена контрола.

Во случај Хамас и ПЛО да одбијат да го потпишат тој договор, САД ќе ја суспендираат целата финансиска поддршка за Палестинците и ќе се погрижат ниту една земја да не им испраќа пари.

Ако ПЛО го потпише договорот, а Хамас и Исламскиот џихад одбиваат, лидерите на тие две организации ќе се сметаат за одговорни.

Во случај на нова војна меѓу Израел и Газа, САД ќе го поддржат Израел да ги убива тие две организации.

Ако Израел одбие да го потпише договорот, САД ќе ја укинат финансиската поддршка за земјата, која во моментов изнесува 3,8 милијарди долари годишно. 

Translate »