10 работи кои секојдневно ги допираме, а преку кои се пренесува коронавирусот

Коронавирусот се пренесува преку капки, кога лицето кива или кашла, а на површина може да преживее неколку часа, но и денови. Многу фактори влијаат на тоа, како што се материјалите на површината, но и температурата.

Следните предмети кои ги допираме секојдневно можат да ја пренесат оваа зараза:

Пари

СЗО предупреди дека парите можат да го пренесат коронавирусот. Парите се пренесуваат од рака на рака и може да соберат секакви видови бактерии и вируси.

Советот е секогаш кога ќе допрете пари детално да ги измиете рацете. Можеби најдобро е да користите бесконтактно плаќање, за да избегнете допир со пари.

Кваки

Допирањето на кваките од вратите речиси и да не можете да го избегнете. Секогаш кога ќе допрете квака каде има голема фреквенција на луѓе, измијте ги рацете, а овие површини во станот детално исчистете ги со средство за дезинфекција.

Мобилен телефон

Истражувачите неодамна открија дека мобилните уреди можат да бидат повалкани од вц школка. Допирајќи го телефонот со валкани раце, пренесувате многу бактерии и вируси. Секојдневно пребришете го телефонот со алкохол во време на коронавирусот.

Банкомат

Копчињата на банкоматот ги допираат многу луѓе во текот на денот, а тоа го зголемува ризикот од ширење на коронавирусот.

Кујната на работа

Апаратите за кафе исто така се користени од страна на многу луѓе, па најдобра идеја е пред користење да ги избришете со антибактериска марамица.

Копчињата во лифт

Копчињата во лифт потенцијално ги допираат стотина луѓе дневно, па можат да бидат закана за пренесување на коронавирусот.

Ескалатори, бироа

Исто како копчињата во лифтот, така и овие површини потенцијално дневно ги допираат стотина луѓе. Доколку сте во јавен превоз, нема теорија да не ги допирате овие површини, па после тоа задолжително дезинфицирајте ги рацете.

Јавни тоалети

Ова е место кое потенцијално може да го пренесе вирусот преку кваките и останатите површини кои ги допираат голем број на луѓе. Многумина тоалетите користат за секнење нос, кога вирусот достигнува и до сите споменати површини.

Болници и Здравствени домови

После посета на болница, не заборавајте да ги измиете рацете бидејќи тие се идеално место за развивање на вирусот. Ракувањето е едно од најредовните начини на кои се шири вирусот во болница.

Авиони

Авионите ги посетуваат голем број на луѓе кои ги допираат седиштата, тоалетот, материјалот за читање, послужавници, масичките пред седиштата… Овие површини можат да бидат ризични места за пренесување на вирусот, па најдорбо е рацете што побрзо да ги дезинфицирате после влегување во авион. 

Translate »