Коалиција СДСМ со ВМРО-НП во вториот круг во Штип

Во вториот круг на локалните избори што ќе се одржат на  29 октомври, ВМРО Народна партија ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Штип, Благој Бочварски, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Она што во вториот дел на изборите е новина, ние сме засилени со ВМРО Народна партија. Заедно со нас е Никола Тасев, членот на извршниот комитет на Народна партија. Коалицијата е потврдена на централно ниво, заедно стоиме во таа коалиција“, рече Заев при неговата посета на Штип.

Тој рече дека верува дека дополнителната поддршка од симпатизерите на Народна партија,  ќе ја зголемат разликата во гласови во вториот круг.

Translate »