ВИДЕО: Тригодишно девојче извлечено живо 65 часа по земјотресот во Измир

Повредено тригодишно девојче е спасено денеска, 65 часа по катастрофалниот земјотрес кој го погоди егејскиот брег на Турција, во регионот на Измир, објави турската агенција Анадолу.

Елиф Перинчек е извлечена од под урантините дури 65 часа по потресот, и е 106-тото лице кое е извлечено живо. Таа е итно префрлена во болница, а властите изразија задоволство што го спасија малечкото девојче.

blob:https://www.slobodenpecat.mk/50445dd2-47ba-487e-8f01-90f5cfcd6cf8

Translate »