(ВИДЕО) КАКО СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА АПСИ ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ – имале специјален алат за отворање блиндирани врати и пљачкале станови и куќи

Припадници на српското МВР во Белград расветлија повеќе кривични дела – тешки кражби и приведоа тројца државјани на Северна Македонија, од кои едниот има и српско државјанство, поради постоење основи на сомнение дека го сториле ова кривично дело, јавува Блиц.рс.

Полицијата ги уапси Б.С.(1997), Б.Н.(1990) и А.К. (1998), кои се обвинети дека во текот на ноември и декември годинава упаднале во станови и куќи на територијата на Белград со специјален алат за отворање блиндирани врати и од нив краделе пари, накит, часовници и други вредни предмети.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат изведени во Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Извор, фото и видео: Блиц.рс

Translate »