БЛОКИРАНИ НАД 200 ИЛЈАДИ СМЕТКИ
Над 180 илјади транскациски сметки кои ги поседуваат физички лица односно граѓани се блокирани, покажува статистиката на Народната банка. Последниот податок е до крајот на јуни годинава односно се однесува за првото полугодие, а покажуваат дека во споредба со крајот на минатата година има благо зголемување на сметките кои се „надвор од фунцкија“. Сметките ги блокираат најчесто извршители за банките, компаниите, но и за други надлежни институции, најчесто заради долгови по разни основи кои ги создаваат граѓаните. Точниот број на блокирани сметки на крајот на јуни е 221.365, а од нив физички лица поседуваат 185.151 физичко лице, додека на правни лица, односно на компани или други организации се 36.214 сметки. На последнта средба на која е договорен влез на Алтернатива во Владата, премиерот Зоран заев и лидерот на апртијата Африм Гаши соопштија дека меѓудруготе договорено е и редефинирањето на Законот за извршители водејќи се, како што рекоа, пред се од барањата на граѓаните. Сепак повеќе детали не соопштија.
Во јуни, ако се споредува со мај, бројот на блокирани сметки се намалува, но во споредба со април бројот е поголем. Ситуацијата не е иста кај правните лица, каде бројот на блокирани сметки кои тие ги поседуваат расте на месечно ниво, но во јуни е помал, од крајот на минатат година на пример.
Со оглед на тоа што граѓаните и правните лица имаат по неколку сметки, бројот на блокирани сметки не значи дека толку граѓани или фирми се блокирани. Имено според статистиката на НБРМ, на крајот на јуни блокирани се 102. 043 депоненти, од нив физички лица се 76.996, а правни се 25.047.
Инаку на крајот на јуни во земјава кајбанките отворени се вкупно 3.816.786 трансакциски сметки од кои физичките лица поседуваат 3.634.143, останатите се на прави лица.
Блокирани во тој месец се 221.365 сметки на 102.043 депоненти.
Фактор веќе пишуваше дека за цела 2020 година, сите извршители во државата наплатиле вкупно над 123 милиони евра – сума која е речиси идентична на таа од 2019 година, кога немаше прекинување на извршувањето. Од оваа сума најголем дел од парите се наплатени од фирмите, а тие и така беа најпогодени од кризата. Од фирми должници повлечени се над 89 милиони евра, од државата, безмалку 9,5 милиони евра, а дури околу 25 милиони евра се пари кои се симнати од сметките на граѓаните за долгови по основ на извршни решенија кон различни должници. Тоа што извршувањето беше запрено во таа година не значеше и простување на сумата, само пролонгирање на повлекувањето на парите. За одложените рати потоа граѓаните плаќаа и камата.
извор Фактор.мк