,, Бев снајперистка и ги убивав вашите војници,, призна Германката фатена во упориштето на ИСИС

Ирачките војници ја заробиле младата Линда Вензел во урнатините на Мосул, каде заедно со своето момче се борела на страната на ИСИС.
Пред една година, 16 годишната Германка на интернет се запознала со џихадист од Чеченија, во кој веднаш се вљубила.
Со фалсификувани документи и сите пари што дома ги заштедела, девојката тргнала на фронтотот во Ирак , каде се приклучила на својот иден сопруг и Исламската Држава. Во последната битка за Мосул , нејзиниот маж загинал, а таа била ранета во рака. На Твитер се појавија информации декаа таа има и неколку месечно бебе. Германскиоте власти соопштија дека засега нема да бараат нејзина екстрадиција. Доколку остане во Ирак, Линда ја чека смртна казна, но ако се врати во Германија , таа нема да одговара пред законот бидејки е малолетна. Во изминативе неколку години, над 900 германски државјани се приклучиле на ИСИС , 50 од нив се малолетни лица од кои половина се жени.

Translate »