Кристијано Роналдо ја насмеа публиката со изборот на подарок за Божиќ

Кристијано Роналдо ја насмеа публиката која присуствуваше во четвртокот вечерта на свечената церемонија во Париз кога тој ја прими е петтата „Златна топка“ во кариерата. Со ова достигнување се израмни со својот долгогодишен ривал и најголем конкурент за индивидуалните признанија, Лионел Меси.

Португалската ѕвезда сосема очекувано ја доби важната награда од „Франс Фудбал“ и моментот беше овековечен со мини церемонија која првично се одржа на „Ајфеловата кула“, но сепак главната гала вечер следеше потоа кога Роналдо одговараше и на прашањата кои му ги поставуваше поранешниот фудбалер Жинола.

Дефинитивно најголема смеа предизвика одговорот кој го даде Роналдо околу неговата „Божикна желба“, со која истовремено успеа да ја поцрвене од срам својата девојка Георгина, а од друга страна ги изнасмеа легендарните Бразилци, Роналдо и Кака.

– Сакам ново бебе за Божик…. Се шегувам, се шегувам. Во овој момент не сакам ново дете, да уживаме во моментот, во тоа што го имаме. Веќе имаме три нови, а вкупно четири, – низ смеа истакна Роналдо кој за крај додаде дека сака седум деца и исто толку освоени „Златни топки“.

 

Translate »