Мажите никогаш нема да не облечат

Во широки пантолони

Познати и како  palazzo. Тие го држат убедливо првото место на листа најомразени парчиња облека која ја носат жените. Сметаат дека ваквиот тип на пантолони не ја истакнуваат женската фигура и не разбираат како жените ги обожаваат.

Чевли со платформа

Според нив чевлите со платформа изгледаат смешно , непривлечно и глупаво, особено ако се работи за чевли со плута.  Тие сметаат дека жените се најпривлечни само во штикли и не признаваат други импровизации.

Сите фустани што не ја пратат линијата на телото

Фустаните кои имаат необичен крој , и не се струкирани  според мажите потсетува на шатор , а најголем проблем според нив претставува тоа што не можат да го видат обликот на вашето тело.

Гладијаторки

Сандали кои визуелно ги скратуваат нозете, за мажите се тотално непривлечни.

Здолниште со балон крој

Иако вам ви се чини дека се вистински хит особено откако  Кери Бредшо се шеташе во Париз облечена како принцеза. Е па се залажувате фраерите ги мразат таквите здолништа. Според нив тие оддаваат инфантилен впечаток, досадни се, детски и потполно непривлечни.

Наочари со голема рамка

Сите оние очила за сонце кои имаат округли и големи рамки за кои ние сметаме дека се супер откачени  и необични, мажите ги мразат.
Парчиња облека која ги потсетува на нивната баба.
Сега се актуелни цветните дезени и ретро парчиња. Е токму таквите парчиња ги потсетуваат на нивните баби, а тоа сигурно не сакаме да го постигнеме.

Translate »