Ванчо и Даниела Антовски-Кога работите со љубов, успешните резултати се загарантирани!
Фризерскиот салон “Блеки” од Делчево, е еден од оние салони, каде секогаш е полно! Каде се доаѓа за убава фризура, но и за добар муабет. Каде генерации, и генерации жени го одржувале својот имиџ. Каде може да се забележат модерни девојки кои се спремаат за излегување, повозрасни жени кои држат до својот изглед. Салон кој работи со најпрофесионалните козметички производи, каде грижата за клиентите и нивното задоволство е секогаш приоритет. Тоа е и причина зошто овој салон успешно работи веќе 50 години, што е и повод да направиме краток разговор со сопствениците, Даниела и Ванчо Антовски.
Која е тајната на успехот?
Како за секоја така и за фризерската професија, треба да се вложи голем труд за да бидете успешни. Да ја работите со љубов својата работа и отворено да ги прифатите сите предизвици кои таа ги носи.
Во оваа професија сум 28год од кои 25год работам професионално, целосно посветена на сите сегменти од оваа професија.
Особено внимание посветувам на континуирана обука, посета на работилници, саеми, семинари, на разменување искуства во колегите. Ги следам и трендовите кои ги носи модерното време за да може нашите клиенти да бидат задоволни од нашата работа. Тоа е и причината да ни веруваат, да ја имаме нивната доверба, едноставно да се препуштат на нас, и на тоа што го работиме.
Колку е важна комуникацијата со клиентите?
Би рекла дека е многу важна. Тоа е основата на се понатаму. Потребна е отворена комуникација, да се слушнат прво желбите на клиентите, да се даде повратен одговор, и заедно да се договорите што ќе следи. Најважно е клиентот да биде задоволен, но и Ние! Бидејќи задоволни и насмеани клиенти е најголема сатисфакција за нас.
Денес се е достапно на интернет, тоа е предност за нашата едукација, но истовремено и обврска, бидејќи и клиентите веќе се поедуцирани, знаат што сакаат, можат да препознаат кога некој има знаење, искуство и кога со љубов ја работи својата работа.
Колку жените кај нас се грижат за својата убавина?
Дефинитивно многу! Тоа е и причина да гледаме убави жени, со стил и препознатливост. Тие се свесни дека косата е најголем украс на една жена, и дека кога косата е здрава, добро средена и најважно од се добро третирана, тие се чувствуваат поубаво. За да тоа се случи фризерот треба работи и со префесионална козметика, која нема да го изневери во ниеден момент.
Тоа е причина Ние во нашиот салон да работиме со IMEL козметика за обновување на оштетена коса која истовремено овозможува и третмани за хидратација и за регенерација на косата. Топло ги препорачуваме на нашите клиенти производите PROFESSIONAL IMEL Pure Gold,IMEL Hyaluronic,IMEL Collagen hair mask,IMEL Caviar Black,IMEL Keratin Infusion.