Кајли Миног си ги лечи раните во Лондон
Откако и пропадна венчавката со актерот Џошуа Саш, австралијската поп дива Кајли Миног се почесто е во Лондон . “Новиот албум ми помогна да го преболам раскинувањето”, изјави таа за британските таблоиди. Саш и Миног се запознаа во 2015 -та година и само по неколку месеци објавија дека ќе се венчаат. Но, за жал, еуфоријата кратко траеше. Венчавката беше откажана, а причината остана тајна. 49-годишната пеачка вели дека љубовните рани и се излечени, а по нејзиниот изглед се чини дека е токму така. Папараците ја фатија Миног во дневна шема низ Лондон, а потоа и навечер на палење на божикните светилки.