Кензо Такада – Следете го вашиот сон најдобро што можете, страста може да доведе до големи чуда!

Инспириран од премисата да се живее прекрасен живот и од впечатливата личност на легендарниот и исклучителен моден дизајнер Кензо Такада, кој стана еден од првите јапонски модни дизајнери кој успеа да се вивне во париската модна индустрија, Avon го лансира новиот парфем Avon Life Color за НЕА и за НЕГО. Ова е вторпат компанијата и светскиот познат моден дизајнер да ги здружат силите, а првиот проект се случи во 2016та година, со лансирањето на мирисот Avon Life. По повод оваа најнова соработка со американскиот козметички гигант Авон  го објавуваме интервјуто Со легендарниот Кензо:

 

Зошто се одлучивте за соработката со Авон?

Не е лесно да најдете добар партнер. Оваа компанија е прекрасна, полна со одлични млади таленти, кои се занимаваат со бизнис во сложена и конкурентна средина, барајќи да понудат одлични производи по прифатлива цена, како што е случај со Avon Life Color. Тоа го следи она што јас првично го направив во модата, обидувајќи се да демократизирам одлични производи и да ги направам подостапни за крајните корисници.

 

Што беше за вас главната инспирација при креирање на “Avon Life Colour за неа и него”?

Целта беше да создадам мирис кој ја рефлектира мојата личност и боите кои ја инспирираа мојата кариера и ми помогнаа да ги скршам правилата во модата. Сакам луѓето да се чувствуваат инспирирани, да извлечат максимум од секој ден со тоа што ќе носат свеж, млад и енергичен мирис кој може да се носи во секое време.

 

На кој начин Avon Life Colour е поразличен од Avon Life?

Avon Life беше повеќе поврзан со моето потекло и почетоци, а Avon Life Colour повеќе се однесува на мојот начин на живот. Тоа е жив, елегантен и модерен мирис.

 

Зошто ја избравте магнолијата да биде во срцето на машкиот и женскиот мирис?

Изборот беше направен од мене и носовите на парфимериската куќа Фирмених која работеше на проектот. Навистина ми се допаѓа природниот мирис, тоа е многу силен белег. Ја користев магнолијата и порано во мојата работа, тоа е цвет што навистина го сакам.

 

Кажете ни нешто повеќе за шишенцето ?

Баравме деконструирана форма која беше повеќе архитектонска и која може да ја рефлектира светлината на животната средина и слободно да игра со боите.

 

Што очекувате луѓето да чувствуваат кога го носат Avon Life Color?

Сакам да се чувствуваат позитивни и инспирирани да го живеат живот во потполност, да се забавуваат и да ја шират позитивноста околу нив.

Каква е вашата врска со овој мирис?

Јас пораснав во Јапонија и во текот на моето детство, еден од посилните спомени кои ги имам е обичајот на мајка ми да става мали парчиња сандалово дрво во мојата гардероба и околу куќата, кои даваа мирис на дрво што навистина го сакам. Во Јапонија никој не користи особено силни мириси и тоа го открив кога пристигнав во Франција во 1965 година. Сепак, мирисите се нешто за кое почувствував многу силна страст уште на самите почетоци. Во средината на 70-тите години, промовирав мирис наречен Кинг Конг, кој помина со голем неуспех, но сепак многу се забавував работејќи на него, а од 80-тите години до денес промовирав многу други парфеми кои за среќа поминаа со огромен успех. Отсекогаш сум бил навистина поврзан со мирисите, со шишето … сè мора да биде во совршена хармонија. Тоа е нешто што навистина сакам да го работам.

 

Како би дефинирале добар мирис?

Ова прашање е секогаш многу лично. Има врска со личноста, карактерот, културата и спомените. Треба да предизвика емоција, и тоа идеално позитивна емоција. Јас не фаворизирам некој посебен мирис, но тој треба да додаде позитивност во мојот живот.

ЗА ЖИВОТОТ И КАРИЕРАТА

Avon Life Color е исто така во чест на вашата кариера во Париз, кој е познат по своите светли бои, мултикултурализмот и многу забава на пистата. Што Ве доведе во Париз?

По Втората светска војна Јапонија доживеа една навистина темна ера. Единствените начини на кои можев да ја видам радоста и забавата беше преку модните списанија кои моите сестри ги носеа дома, како и преку американските или европските филмови. Знаев дека сакам да работам со мода уште од рана возраст, но во тоа време, за јапонското општество беше неприфатливо маж да работи во модната индустрија, па почнав да го изучувам финансиското сметководство. По една година, Бунка, еден од најдобрите модни колеџи во светот, почна да се отвора за мажите и се пријавив против волјата на моите родители. Почнав да ги сликам ентериерите на зградите и така си го плаќав школувањето. При крајот на студиите, непосредно пред дипломирањето, бев награден со една од најголемите јапонски модни награди. Во 1964 година, поради Летните олимписки игри во Токио, Олимпискиот комитет ја принуди Јапонија да издава пасоши и се разбира, бев еден од првите што аплицираа за еден. Доволно смешно, Олимпискиот комитет ја купи зградата во која живеев и ми плати прилично голема сума за да го напуштам мојот стан. Со тие пари во рацете, и мојот сосема нов пасош, отидов кај мојот професор во Бунка да побарам совет. Тој ми рече да не летам во Париз, туку наместо тоа да патувам со брод. На мојот пат кон Франција, бродот запре во Југоисточна Азија, Западна и Северна Африка, пред да пристигне во Париз во јануари 1965 година. Ова беше првпат да ја напуштам Јапонија и, во тоа време, светот беше многу помалку глобализиран, па така тоа културно искуство навистина многу влијаеше врз мене и мојата подоцнежна работа.

По шест месеци во Париз, се најдов во ситуација каде ги потрошив заштедените пари. Бидејќи навистина сакав да добијам шанса, скицирав некои дизајни за облека и продадов пет или шест од нив на сопругата на модниот дизајнер на високата мода Луи Феро, по пет долари. Во тоа време тоа и не беа многу пари, но ми помогна да останам и да работам за други врвни куќи и списанија, што ми даде силно признание пред да го започнам мојот бренд. Во 1970 година, во основа немаше брендови кои нудеа колекции подготвени за носење. Високата мода не го препознаваше ова, па заедно со Пјер Берже почнав сам да правам модни писти, на средина на улиците без дозвола. Тоа навистина го привлече вниманието на печатот и мојот бренд стана популарен во рок од неколку месеци.

 

Дали имате омилена боја?

Имам тенденција да ја користам црвената малку повеќе од другите бои. Отсекогаш сакав да бидам во живописна, креативна средина. Ако не бев во светот на модата, јас ќе бев сликар или ќе се занимавав со некоја друга професија поврзана со уметноста. Боите се дел од мојот секојдневен живот. Секој пат кога ги отворам очите гледам различни тонови.

 

Дали имате ритуал да се чувствувате посреќни?

Неуспехот е одличен начин за учење и за да продолжите понатаму. Тоа не е нешто што премногу ме онерасположува. Се обидувам да се надевам на следниот ден и да не се откажам. Не можете да победите на лотарија ако не го купите вашиот билет. Се обидувам да ја донесам позитивноста во мојот живот и дозволувам работите да се случат.

 

Следната година ќе наполните 80 години. Што би рекол 80-годишниот Kenzo на 20-годишниот Kenzo?

Не е вистина, останувам заглавен во моите 50-ти, барем во мојата глава. Мразам да размислувам на мојата возраст, но сакам да се опкружувам со луѓе од сите генерации. Можам да научам толку многу од сите. Ако би требало да кажам нешто на 20-годишниот Кензо, би рекол: честитки за исполнување на вашите соништа дури и во најтешките времиња.

Кои се вашите 5 најголеми лекции кои ги научивте од животот?

  1. Неуспехот е само искуство за да се подобрите.
  2. Љубовта мора да се живее целосно.
  3. Секогаш обидувајте се да останете љубопитни и да барате да се отворите за светот.
  4. Живејте со радост за да ги истражите чувствата.
  5. Следете го вашиот сон најдобро што можете, страста може да доведе до големи чуда.

 

Кои се вашите 5 совети за луѓето да постигнат порадосен и шарен/разнолик живот?

Бидете љубопитни и великодушни, живејте целосно, бидете љубезни и останете едноставни, и секогаш инсистирајте на смеа или насмевка!

Кои се вашите планови за во иднина

Имам неколку. Во моментов работам на неколку претстојните проекти. Јас никогаш нема да престанам да работам, бидејќи тоа ми дава цел секој ден. Јас се грижам за себе, одам во салата и вежбам јога, сеуште патувам многу и постојано сум љубопитен. Исто така, сакам да работам со млади луѓе, тие ми носат нови и свежи идеи. Не верувам во возраста.

Ако може да оставите една порака за позитивност, што би била тоа?

Нашиот свет е исполнет со чуда, животот е полн со големи искуства. Мораме да останеме отворени за нови работи кои доаѓаат на нашиот пат и да го живееме најдоброто што можеме. Дури и во потешките периоди, можеме да се стремиме кон подобро. За мене сметам дека прогресијата на животот е позитивен елемент и постојана можност.

 

 

Translate »