Како да ја надминете затегнатоста и сувоста на кожата по летниот одмор?

Летните месеци носат со себе чувство на слобода и радост и многумина со нетрпение ја очекуваат сезоната на одмори кога може да се ужива во топлината и убавината на природата. Но, постои предизвик, а тоа е немилосрдната битка да се заштити кожата. Со топлото време доаѓа и непожелен гостин, сувоста на кожата!
Да се олесни затегнатоста, сувоста и непријатното чувство на кожата е приоритет за многу луѓе. Особено по летниот одмор, кога подолго време сме активни на отворено и изложени на сонце. Со ова се соочуваат посебно оние со чувствителна кожа на телото, кои дополнително имаат потреба од хидратација.
Кога е многу топло времето се случува балансот на pH вредноста на кожата да се наруши. Тоа може да се почувствува бидејќи кожата ја губи мекоста, нежноста, свежината и влажноста. Она што во тие моменти ни е потребно е да се стабилизираат нивоата на pH вредноста на кожата.
За хидратација има потреба не само женскиот дел од популацијата, туку и сите останати. Земајќи ја во предвид различноста на структурата на машката кожа, поголемата влакнетост или зголемената физичка активност, исто така и машката популација има потреба од хидратација на кожата. Во таква ситуација предлагаме Еуцерин pH5 гел, производ што обединува и на многу наврати ја докажува својата ефективност, иновативност и обезбедување на решение, кое е клинички тестирано со одлични резултати.


Еуцерин pH5 гел-кремот се издвојува заради неколку причини. Има ултралесна текстура што не е мрсна. Формулацијата е исклучителна и може да се пофали со придобивки како што е декспантенол, глицерин и pH цитратен пуфер.
Кожата како најголем орган во човечкото тело игра витална улога при заштита од надворешни иритации. Сепак, на сувата кожа и недостасуваат потребните липиди и супстанци за да ја задржи водата, што доведува до нарушување и слабеење на заштитната киселинска обвивка чија pH вредност се движи помеѓу 5,4 и 5,9. Гелот има уникатна формула со вграден pH цитратен пуфер и овој генијален додаток помага во обновувањето на природната pH вредност на кожата. Така, се активираат заштитните ензими што го регулираат развојот на бактериите и помагаат во обновување на кожата. Истовремено, глицеринот во формулата ефикасно хидрира и ја задржува водата. Декспантенолот, добиен од витамин Б5 помага во навлажнување на надворешните слоеви и поседува регенеративно својаства.


Гел кремата со pH5 не само што е ефикасна туку предизвикува удобно и луксузно чувство при нанесувањето. Обезбедува моментална хидрататација за кожата и тоа на подолг период. Особено е погоден за употреба за време на летните месеци поради брзата апсорпција и чувството на леснотија и свежина што го дава.
Резултатите од дерматолошките студии ја докажуваат ефикасноста на производот кога станува збор за чувствителна кожа. Во студиите каде е тестиран на 160 испитаници со чувствителна кожа, во период од две недели, 98% од испитаниците пријавиле олеснување на сувоста на кожата.
Ваков вид на производи е одлично да се користат со гелови за туширање од истата колекција, за да се зајакне делотворноста и да се постигнат максимални резултати. Еуцерин pH5 гелот е доказ дека дерматолошката нега може да ја трансформира кожата и да биде сојузник на сјајната, здрава и убава кожа.

Translate »