Мравките спијат до 250 пати дневно, „Врисок“ е нацртана на парче картон: 10 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле

Едукацијата е нешто што никогаш не престанува бидејќи е практично невозможно да дојдете до точка кога знаете баш се што вреди да се знае.

Токму желбата за образование, но и дознавање на интересни факти, е идеја водилка на една заедница на платформата „Reddit“. Како што вели нејзиното име – „Today I Learned“ (Денеска научив), таа групира љубопитни луѓе кои секојдневно сакаат да научат по нешто ново. 

Во наредните редови ќе ви споделиме 10 интересни факти кои ги пронајдовме токму таму:

1. Проноја е чувство спротивно од параноја – додека параноичните лица мислат дека сите работат против нив, оние кои се проноидни веруваат дека другите луѓе кројат планови како да им помогнат.

2. Познатата слика „Врисок“ на Едвард Мунк е насликана на картон.

https://www.instagram.com/p/CKUuXvdASU1/?utm_source=ig_embed

3. Во текот на преговорите помеѓу лидерите на САД и Советскиот Сојуз во текот на 80-тите, тогашните претседатели на државите, Роналд Реган и Михаил Горбачов се договориле да ја паузираат Студената војна во случај на инвазија на вонземјани.

4. Истражувачи од Харвард откриваат дека лицата кои немаат пријатели, имаат ист ризик од прерана смрт како пушачите.

5. Алберт Геринг, брат на познатиот нацист Херман Геринг, бил голем противник на партијата на Хитлер. Тој во повеќе наврати им помагал на дисидентите и Евреите, прогонети од страна на режимот, а понекогаш и го фалсификувал потписот на својот брат за да им овозможи безбедно напуштање на земјата.

6. Џонатан Свифт, авторот на „Гуливеровите патувања“, страдал од тежок облик на депресија поради што секоја година на својот роденден го проколнувал неговото доаѓање на свет така што носел црна облека.

7. Една од причините поради која корсетите излегле од мода кон почетокот на 20-от век е фактот дека во текот на Првата светска војна, властите во САД барале од своите граѓани да се воздржат од нивното купување за да остане повеќе метал за воената индустрија.

8. Докторите од целиот свет во анкета од 2012 година, ја избрале анестезијата како најважно медицинско откритие, пред нештата како што се антибиотиците и рендгенот.

9. Мравките спијат околу 250 пати дневно по една минута, што значи дека спијат нешто повеќе од 4 часа. На тој начин, 80 отсто од мравките во една колонија се будни во секој момент.

10. Идејата дека кафето и чајот го дехидрираат организмот е погрешно. Вистината е дека овие напитоци се сметаат за слаби диуретици односно намирници кои го стимулираат мокрењето, но ваквата загуба на течности од нашиот организам е надоместен со течноста која ја внесуваме кога консумираме кафе или чај.

Извор Точка.ком.мк

Translate »