Јапонски милијардер е првиот патник околу Месечината

Компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“, го објави името на мистериозниот патник околу Месечината со ракетата „Биг фалкон“ (БФР). Среќниот патник е 42-годишниот јапонски милијардер Јусака Маезава.

SpaceX

@SpaceX

The first private passenger to fly around the Moon aboard BFR is fashion innovator and globally recognized art curator Yusaku Maezawa.

-Конечно, можам да ви кажам дека решив да одам на Месечината. Многу ми е мило што сум тука и навистина сум возбуден, почестен и го ценам тоа што можам да ја споделам оваа вест со вас и луѓе од целиот свет – изјави Маезава, кој е извршен директор на „ЗоЗо“.

Yusaku Maezawa 前澤友作

@yousuck2020

I choose to go to the moon, with Artists. https://dearmoon.earth 

#dearMoon

I choose to go to the Moon, with artists – Yusaku Maezawa

dearmoon.earth

Маезава не планира да оди сам. Милијардерот рече дека отсекогаш се прашувал што би се случило ако славни актери, сликари или поети го искусат она што тој сака да го искуси. Тој кажа дека сака на своето патување ќе покани шест до осум уметници од целиот свет. Единствено нешто што тие уметници ќе треба да направат е да креираат нешто во чест на патувањето.

-Тие ремек-дела ќе го инспирираат сонувачот во сите нас – кажа Маезава.

Оваа мисија е планирана за 2023 година и тоа ќе биде првата посета на Месечината од 1972 година.

Translate »