Кои се најздравите грицки за премиера на Game of Thrones?

Насекаде низ светот веќе почна манијата по последната, долгоочекувана сезона на мегапопуларната серија „Игра на Троновите“. Вистинскиот фан ќе ве подучи дека, секоја епизода треба да биде изгледана во совршени услови, а еден од тие услови се секако неицрпен извор на грицки.

Кај нас, првата епизода премиерно ќе се прикаже во 20:00, па ако сè уште не сте решиле како да го изненадите вашето друштво, не грижете се, има време. Дождот сам по себе повикува на греено вино, така што пијалокот е решена дилема.

 Набрзина тркнете до најблиската продавница набавете некои вкусни намази и интегрални крекери како здрава замена богата со семиња, суперхрана и протеин од грашок и без глутен, нешто што го има Виталиа во својата палета. Ако сте фан на слатки задоволства, изберете  мини  Bites to Go. А, пред да се пикнете под ќебе, и да влезете во светот на вашите омилени јунаци, погрижете се да има доволно храна за сите. Залихата е неопходна, а  изборот на здрави закуски е навистина богат.

Translate »