27 фудбалско куп финале – занимливости!

Купот се враќа во Скопје.

По двете последни финалиња кои се одиграа во Струмица, во среда по 20 пат се игра на Националната Арена „Тодор Проевски“.

За првпат со новото име!

 Досега имало десет финалиња на Арената од кои едната екипа е скопска а другата доаѓа од надвор. Билансот 7:3 за скопските, односно „домашните“ екипи – Никој досега нема три победи во финалето во серија. Шкендија имаше можност оваа година да биде првата, но ете испадна во 1/4 финалето од Победа. Интересно е тоа што по три финалиња во серија, тетовци нема да ги гледаме како финалисти.

Покрај Шкендија по две титули во Купот во серија имаат Вардар и Работнички -Првото финале во самостојна Македонија се одигра во мај во 1993 година во Скопје. На тогаш Градскиот стадион Вардар со голот на Жанко Савов, го победи Пелистер со 1:0 и го освои драгоцениот пехар –

Ова е 27 финале. Најуспешен е Вардар со 5 трофеи, следува Работнички со 4, потоа Слога Ј со 3, Силекс,Тетекс, Шкендија и Пелистер имаат по два, додека Победа, Цементарница, Шкендија, Ренова, Башкими, Металург, Македонија ЃП. -Најмногу куп финалиња има Слога Ј (денешно Шкупи), осум пат чаирчани играле вакви мечеви, но само три пати се радувале. Следува Работнички со седум финалиња во кои четири пати го освојувал пехарот, па Вардар со шест финални средби. За Македонија ЃП ќе биде трето, за А. Пандев пак прво -Најмногу гледачи имало на првото финале, тогаш во 1993 година кога играа Вардар и Пелистер на трибините имаше повеќе од 25.000 љубители на фудбалот -Засега само Тони Јакимовски и Влатко Костов се радувале на пехарот и како играчи, но и како тренери.

-Есад Чолаковиќ, со Слога Ј, Маџари и Работнички играл вкупно во осум финалиња -Дос Сантос Вандаир и Баже Илијоски се единствените кои имаат пехари со три различни екипи. „Кариоката“ со  Цементарница, Вардар и Работнички, додека Илијоски со Работнички, Металург и Пелистер – Баже Илијоски лани се запиша во историјата. Пет финалиња и пет победи. Интересно е тоа што Илијоски нема пораз во финалињата. Со Работнички се радувал против Милано, Металург и Тетекс а со Металург со Тетекс, и лани со Пелистер против Шкендија. -Досега само Арѓент Беќири на еден меч постигнал три гола, тоа се случило во 2000 година кога Слога Ј ја совлада Победа со 6:0 -Наџи Шенсои (Пелистер) е петтиот странски тренер кој го освоил Купот. Претходно тоа го сториле Неџат Верлашевиќ (БиХ) со Слога Ј, Радмило Иванчевиќ (Србија) со Македонија ЃП, Драгољуб Беквалац (Србија) со Работнички, Бруно Акраповиќ (БиХ) со Шкендија. – Шест пати куп победникот сме го добивале по изведувањето на пеналите. Тоа се случуваше во 1994 (Силекс – Пелистер), потоа во 1996 (Слога Ј – Вардар), па во 2003 (Цементарница – Слога Ј), следува 2009 (Работнички – Македонија ЃП), во 2013 (Тетекс – Шкендија) и лани 2017 (Пелистер – Шкендија). Значи тетовци двапати го губат купот на пенали – Вардар, нашиот најтрофеен клуб и најтрофејниот во Купот, нема финале точно 12 години. Последен пат Вардар играше во финалето во 2007 година и тоа со Победа кога успеа да ја совлада – И на двајцата тренери, Александар Таневски и Југослав Тренчовски по првпат ќе бидат тренери во големото финале. Кој ќе победи од нив за него тоа ќе биде деби триумф во Купот на Македонија. 

Translate »