Груевски останува пратеник
58 гласа „за„ не беа доволни на поранешниот премиер да му се одземе пратеничкиот мандат. Осуммината пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои дадоа поддршка за уставните измени, не го сторија истото и за Никола Груевски. Никој од нив не беше пристутен во салата за време на гласањето. 29 мина од неговите сопартијци гласаа против, но никој не сакаше да дискутира за ова прашање.Од партијата велат дека не сакале да учествуваат во медиумскиот циркус на СДСМ.
Дискусии немаше ниту од страна на мнозинството. По седницата, пратеникот Павле Богоевски се огласи на фејсбук.
Пратеничкиот мандат на Груевски беше ставен пред пратениците откако Собранието доби известување од кривичниот суд дека е осуден со правосилна пресуда на 2 годишна затворска казна. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска се состанал по жалбата на Груевски и донел одлука, но таа ќе биде позната за јавност во попладневните часови.