Екс премиерот Никола Груевски синоќа не се појави во затворот Шутка

Екс премиерот Никола Груевски синоќа не се појави во затворот Шутка иако новинарите го чекаа со часови.

Службите вчера имале неуспешни обиди да го пронајдат на домашна адреса. Бидејќи овие служби не работат за викенд, многу е веројатно дека обид да му се врачи решението ќе се направи в понеделник. Тој тогаш треба да се појави во Кривичен суд, затоа што е еден од обвинетите во случајот „Титаник“,

Доколку Груевски не се појави на судењето за случајот „Титаник“, може да се донесе наредба за приведување или во краен случај распишување на потреница. Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое екс премиерот треба да се јави во затворот за издржување на двегодишна казна за предметот „Тенк“. Собранието вчера не му го одзема пратеничкиот мандат на Груевски бидејќи немаше двотретинско мнозинство.

Група на граѓани синоќа се собраа пред домот на Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка. Претходните денови пред суд имаше и протест со кој се бараше правда за Груевски. Негови сопартијци обвинија дека е под политички прогон.

Translate »