Полицаец ја претепал својата сопруга
Полицаец во Куманово синоќа е уапсен откако ја натепал и онесвестил својата 31-годишна сопруга.
МВР соопшти дека инцидентот се случил синоќа во 20.30 часот во Куманово. Полицаецот под дејство на алкохол првин „започнал вербална расправија со неговата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание.“
Полицаецот е приведен, колегите му го одзеле службениот пиштол, две рамки за пиштолот и 30 куршуми. За инцидентот е известен и Одделот за внатрешна контрола на МВР.
Неврзано со инцидентот, за утре министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети СВР Куманово.