Реткиот феномен се гледаше и во Скопје
По 36 години денеска, 31 јануари, се споија три необични лунарни појави супермесечина, сина Месечина и целосно затемнување на Месечината. Овој редок феномен најдобро се гледа од Северна Америка, Азија, Блиски Исток, Русија и Австралија, но мал дел се гледаше и во Европа.

Фоторепортерот на „Независен весник“ направи низа фотографии од неколкуминутното затемнување.
– Тоа е редок астрономски триплет, изјави Кели Бити, уредник на списанието „Скај енд телескоп“ (Sky and Telescope).
Феноменот се јавува на секои две години и осум месеци. Супермесечина се појавува кога Месечината е најблиски до Земјата во својата орбита. Во таа точка, наречена перигеј, Месечината изгледа за 14 отсто поголема и 30 проценти посјајна. Тие две појави не се толку ретки, но 36 години немало во комбинација со затемнување на Месечината.

За време на затемнувањето Месечината ќе биде во сенка на Земјата, а белиот диск постепено ќе добива портокалова или црвена боја. Така „сината“ Месечина ќе стане „крвава“.
Порамнувањето на Сонцето, Месечината и Земјата ќе трае еден час и 16 минути. Во западниот дел на САД ии Канада ќе биде видливо пред зора, а на Блискиот Исток, во источна Русија, во Австралија и на Нов Зеланд навечер.

За разлика од затемувањето на Сонцето, Месечината може да се набљудува со голо око.
Астрономскиот триплет последен пат се случи на 30 декември 1982 година и тогаш можеше да се види во Европа, во Африка и во западна Азија.

фото: Борис Грданоски / Независен весник

