Најпродаваниот автомобил има софтверска грешка
Volkswagen ќе повика на вонреден сервис сопственици на 56.000 примероци од моделот Golf 8, а се работи за автомобили произведени до јули 2020 година.
Во прашање е софтверски проблем кој влијае на мултиледијалниот систем.
Германскиот производител соопшти дека сервисот не е задолжителен, но со оглед дека во рамки на мултимедијалниот уред се сместени многу команди од витално значење за функционирањето на возилото, се очекува сопствениците во голем број да се јават на овој повик, за да не ризикуваат.
Потсетуваме дека Volkswagen имаше софтверски проблеми и со електричниот модел ID.3, кои во меѓувреме се отстраниети.
Веста за сервисот доаѓа по објавата дека Gokf 8 и во 2020 година го задржа приматот на најпродаван автомобил во Европа, со повеќе од 312.000 испорачани примероци.