Огромен интерес за моделите на Пункт Мебел на саемот во Келн

На најголемиот саем за мебел во Келн, Германија кој се одржа од 15.01 до 21.01 оваа година Пункт Мебел ги претстави своите најнови модели на мебел. Посетителите покажаа голем интерес за кожните гарнитур и фотељите со уникатен дизајн.

Оваа компанија ги презентираше  своите производи изработени по светски стандарди кои ги задоволуваат најсофистицираните купувачи. Станува збор за мебел изработен од највисока класа на природна кожа, набавени од еминентни италијански кожари. А штофот е висококвалитетен изработен по најсовремена технологија, во различни бои и дезени кои  дозволуваат долги години гаранција и најсовремена иновација за чистење на било какви дамки и нечистотии со обична вода.

Моделите на Пункт имаат квалитетен сунгер со различна густина овозможувајќи удобност и трајност на формата. Во нив е вградена букова конструкција која овозможува дојготрајност и издржливост на мебелот. Станува збор за мебел каде се  внимава и на најситните материјали кои мора да се со највисок квалитет набавени од познати светски и европски добавувачи.

Креираме мебел во соработка со познати светски дизајнери на мебел, како и со домашни и странски архитекти вклучително и соработка со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер. Досегашното искуство не научи дека производството на тапациран мебел  е на некој начин производство на среќа и топлина за едно семејство, но тоа е можно само со производство на премиум класа на мебел, изјави Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел.

Пункт Мебел од своето формирање како компанија не само што редовно и без прекин учествува на најголемиот меѓународен саем за мебел во Келн, Германија туку и од година во година го зголемува својот простор за претставување на нови модели.

Пункт Мебел е извозно орентирана компанија која околу 75% од целокупниот производствен капацитет го пласира на меѓународен пазар. Од тоа најголеми пазари и држави во кои ги пласира своите производи се: Швајцарија, Германија, Англија, Косово,Србија, Хрватска, САД, Романија, Словачка и Холандија.  Покрај редовниот извоз во овие држави компанијата изведува меѓународни проекти за разни деловни објекти, згради, апартмани и хотели. Пред извесно време се заврши проект во Грција и моментално се работи на друг за Бахраин.

 

Translate »