Три спектакуларни голови од 2-то коло од лигата на шампиони
Второто коло од Лигата на шампионите донесе неколку изненадувања, елитен фудбал и спектакуларни голови.
Особено се издвоија оние на Нејмар против Црвена Звезда, Пауло Дибала на мечот со јанг Бојс и на Иван Ракитиќ на „Вембли“ во дуелот со Тотенхем.
Бразилецот го отвори резултатот на „Паркот на принцевите“ против српскиот првак со прекрасен гол од слободен удар, кој ја најави голеадата.
Офанзивецот на Јувентус постигна хет-трик, а одушеви со првиот допир при воведниот погодок, но и чувството за простор по одличната тимска акција на неговиот тим за конечните 3-0.
За крај, Хрватот во Барса импресионираше со техниката на вчерашната средба и ги освои срцата на фудбалските фанови со перфектниот волеј удар од далечина.